Средно училиште Rocha Peixoto

Во Praça Luís de camões, во градот Повоа де Варзим, на северот на Португалија се наоѓа средното училиште Роха Пеихото (http://www.esrpeixoto.edu.pt/).

Тоа е државна институција за образување на млади (и не многу млади) од заедницата на околните општини. Од почетокот е одредена целта за обезбедување добра професионална обука на индустријата и услужните дејности.

Прво е изградено во 1892 година и останува на истото место каде што било, сепак, модернизирањето на капацитетите започна на крајот на учебната 2007/2008 година, што ни овозможи да користиме поголем училишен простор (13 500 m2) што опфаќа стари и нови згради, вклучувајќи ја зградата наменета за раководните структури и павилјон за спортови што е еден од најдобрите во градот. Ова реновирање, овозможи зголемување на капацитетот за сместување што значи место за 10 нови класа.

Во моментов, Escola Secundária de Rocha Peixoto, има вкупно 1663 ученици и 200 наставници и членови на персоналот. Училиштето има класови од 7ми до 12ти клас вклучувајќи општи курсеви и исто така и професионални курсеви. Училиштето се состои од:

  • 1 амфитеатар
  • 2 слушални
  • 1 библиотека
  • 1 терен со вештачка трева
  • 1 студиски центар
  • 1 центар за обука
  • 1 центар за професионални квалификации (CQEP)
  • 1 канцеларија на психолог
  • 1 канцеларија за образовна поддршка
  • 1 биолошка лабораторија
  • 1 електро-техничка лабораторија
  • 1 лабораторија за физика
  • 1 лабораторија за геологија
  • 4 компјутерски лаборатории
 

  • 1 математичка лабораторија
  • 1 хемиска лабораторија
  • 2 повеќенаменски лаборатории
  • 1 електро-техничка работилница
  • 1 механичка работилница
  • 1 павилјон
  • 1 базен
  • 31 училница
  • 1 просторија за техничко цртање
  • 3 простории за визуелно образование
  • 2 простории за изразување
  • 1 просторија за роботика
  • 1 неформална просторија за ИКТ
  • 1 просторија за административна служба за ученици и персонал

Што беше Средното училиште „Роча Пеихото“ (Преглед)

Во 1997 година „Роча Пеихото“ имаше само 3 ИКТ училници опремени со 8 компјутери и печатач. Училиштето ја согледа важноста на дигиталната ера и успеа да го модернизира и осовремени училиштето од тогаш до сега. Со постојано одржување и инвестирање, училиштето успеа да го надгради својот инвентар. Во 2015 година тоа вклучуваше целосно опремени: ИКТ лаборатории, ИКТ училници, ИКТ канцеларија. Сите училишни згради имаат интернет пристап ( или со кабел или безжичен). Училиштето секојдневно ги користи платформите Moodle и RochaDoc за да го олесни протокот на податоци помеѓу целата училишна заедница. Денес, главниот софтвер што се користи е следниот:

  1. Програмa за регистрирање на присуство/отсуство на ученици, прегледи на училница, евалуации и сл.
  2. Windows  7 Professional
  3. Microsoft Office 2010
  4. Visual studio 2010
  5. Avast
  6. Foxit Read
  7. Gimp
  8. Inkscape
  9. Audacity
  10. Софтвер за управување (SAGE)

Училиштето исто така има подготвено PTE тимови (Технолошки план во образованието – проект подготвен во 2009 година од Министерството за образование што е предодредено да ги кооординира и надгледува сите проекти што се однесуваат на технолошкиот развој на државните училишта).

Од добиената евалуација, заклучено е следното:

Интернет Училиштето има широкопојасен интернет пристап насекаде низ училиштето, со кабелска мрежа  во зградата.
Одржување на ИТ опрема Одржувањето се изведува на редовна и организирана основа. ИКТ наставниците и учениците се одговорни за одржување на опремата.
Лиценциран софтвер Сиот софтвер инсталиран во компјутерската сала е лиценциран и целосно ажуриран.
Професионален ИКТ развој Најмногу од наставниците добиле некаква ИКТ сертифицирана подготовка, иако дел од ова се случило и пред неколку години. Тоа е извршено преку мешавина од состаноци на активите по предмети, неформална помош од колеги. Училиштето инвестирало во некои обуки за да им помогне на наставниците да развијат основни вештини.
Дигитална писменост на наставници Сите наставници навеле дека се способни да користат персонални компјутери за да пристапат на интернет и до е-пошта, да извршат основна обработка во Word и да ги внесат резултатите на учениците на крајот од секое полугодие.
Користење на ИКТ во процесот на настава Најголем број од наставниците често користеа ИКТ како алатка за предавање и учење.
ИКТ вештини Најголем број од наставниците имаат основни ИКТ вештини и успеваат често да ги користат за време на часовите.
Свесност за ИКТ Најголем број од персоналот ги признаваат придобивките од користењето на ИКТ во наставата и процесот на учење.
Веб -страница на училиштето Училиштето има прилично добро организирана веб-страница и Мoodle and RochaDoc платформи.

Каде сака да стигне Средното училиште „Роха Пеихото“. (Приоритети)

The school intends to become one of the leading, more developed schools in the country, becoming well-known for its quality installations, varied course offer and also learning innovation.

Училиштето настојува да стане едно од водечките, поразвиени училишта во земјата, да стане добро познато по своите квалитетни капацитети, различни курсеви што ги нуди и исто така со иновациите во учењето.

Во врска со ова, приоритетите планирани за училиштето се:

  1. охрабрување на учениците и наставниците да користат разновидни ИКТ платформи за да се мотивираат учениците и да се подобрат методологиите за учење.
  2. Да се одржува активноста на учениците со цел тие да се чуваат понастрана од нездрави и неуспешни начини на живеење така што ќе им се понудат различни воннаставни активности.
  3. Извршување на сета администрација за часовите и класот он-лајн и елиминирање на хартиена документација.
  4. Подобрување на академските резултати.
  5. Осигурување постојана безбедност и сигурносни мерки во училиштето.
  6. Поради големата побарувачка, охрабрување за унапредување на резултатите кај наставниците и учениците.

Како Средното училиште „Роха Пеихото“ планира да стигне таму (Цели)

Директорот Албертино Кадиле на Escola Secundária de Rocha Peixoto има имплементирано систем каде наставниците по секој предмет треба да се состанат и да предложат идеи и проекти за подобрување на нивната наставна програма. Со тоа, тие се слободни да и предложат проект на управата на училиштето што мора да биде оправдан со причина за инвестицијата, предностите од истата, трошоците итн. Потоа, раководството ќе се состане и ќе реши кои инвестиции се важечки и како може да добијат инвестиција за нив. Има постојано настојување на училиштето да се модернизираат капацитетите, така што ќе се поседуваат колку што е можно повеќе, надградени ИКТ платформи за да се приближи научената содржина до актуелниот пазар на работна сила. Инвестиции во нови машини во работилниците, лиценци за производи како Solidworks, CIMCO, Powermill, AutoCad и повеќе се постојано настојување на училиштето за се повеќе и повеќе да се подобри нивниот образовен квалитет.

Училиштето согледува дека преку ИКТ ќе постигне подобри вештини за настава и учење па планот е да се остане информиран за можните европски или национални фондови што се достапни за да може да се аплицира за финансирање, сепак, училиштето знае дека потпирањето само на надворешни средства ќе направи проектите за развој на училиштето да доцнат, па така кога часовите се завршени ги изнајмува училниците, вештачкиот терен за фудбал и базенот на заедницата за цена која е нешто пониска од таа на приватните институции што ги нудат овие услуги.

Исто така, наставниците ќе добијат обука за секоја ИКТ алатка што е потребна за нивната работа и училиштето исто така има ИКТ техничари што ги одржуваат сите училишни сервери и ќе им помогнат на наставниците со проблемите со ИКТ.

Што направи Средното училиште „Рока Пеихото“ (Задачи)

Во учебната 2007/2008 година, ESRP започна со реновирањето и проширувањето на училишната зграда правејќи ја помодерна и поголема. Со оваа голема промена, исто така постоеше проект за подобрување на ИКТ алатките. Па така, сите училници беа опремени со интерактивни табли, беа инсталирани moodle и rochadocs за да се елиминираат тетратки и се охрабри користењето на повеќе ИКТ алатки во училниците. Наставниците имаа ИКТ обука за соодветно да ги користат овие нови ИКТ инвестиции. Училиштето исто така имплементира ИКТ системи за училиштето при што се во училиштето се врши со лична ученичка или картичка на персоналот. Може да платите за храна, пијалоци, фотокопии и за други потрошни материјали со вашата ученичка картичка со која може да се плати на одредени терминали низ училиштето. Ова им овозможува на родителите да контролираат на што трошат нивните деца и во исто време ги прави услугите во училиштето многу побрзи и со повисок квалитет. Картичката исто така овозможува учениците да влезат и излезат од училиштето и родителите решаваат дали нивното дете може да излезе од училиштето во текот на денот и ако не им е дозволено, чуварот на вратата на училиштето ќе види црвено светло и ќе му наложи на ученикот да остане во училиштето. Тоа е исто така начин да се осигура безбедноста на учениците и персоналот, така што ќе се спречи секакви надворешни лица да може да влезат во просториите.

Бидејќи Рока Пехото е професионално техничко училиште поради тоа е особено важно за техничките области како на пример механика што користат CNC, да останат ажурирани и учениците да може да научат како да ги користат најновите програми. Училиштето има направено договор со софтверските компании да продаваат лиценци за софтвер поефтино од обично за образовни цели. (Тие имаат лиценци за програми како: Powermill, Solidworks, AutoCad и CIMCO).

Што постигна Средното училиште „Рока Пеихото“ (2 преглед)

Со сите подобрувања и промени, имено во ИКТ, сите ученици може слободно да користат ИКТ платформи и знаат како да го направат тоа (тие ги приложуваат нивните задачи, добиваат материјали за учење и комуницираат со наставниците на редовна основа) користејќи ја платформата moodle и други; најголем број од наставниците знаат да користат интерактивни табли и поврзан софтвер редовно и целото училиште се управува и администрира он-лајн (прегледи, отсуство/присуство на учениците, комуникација со родителите и сл.)

Escola Secundária исто така имаше Надворешна евалуација во 2013/2014 година и училиштето е гордо за тоа што беше пофалено за својата посветеност и работите што ги извршило и успеало да ги постигне во сите области на оценување – Резултати, давање на образовни услуги и лидерство и управување – МНОГУ ДОБАР рејтинг. Во овој контекст ние се потсетуваме на важноста на сечија вклученост, вклучувајќи и преку предлози за планот за подобрување на нашето училиште (за оваа цел ги каниме сите да го пополнат соодветниот список на предлози и да го стават во гласачката кутија достапна за ова).

Што е следно?

За да се продолжи со квалитетниот систем на образование во училиштето, Escola Secundária de Rocha Peixoto има намера да продолжи да инвестира во ИКТ алатки за да продолжи да ги мотивира учениците да научат повеќе и во исто време да придонесе во намалувањето на отпишувањата од училиште.

Училиштето планира да продолжи да се осовременува и да инвестира во нов софтвер на редовна основа со цел да им ги обезбеди на учениците неопходните алатки за да станат извонредни и добро обучени професионалци.

Исто така се планира да се организираат повеќе обуки за наставниците за да се обучат како да го користат новиот понапреден софтвер и како правилно да им го предаваат на учениците.