Проектот

Digital Schools Contest

Анкетата на училиштата: ИКТ во образованието, (Дигитална агенда за Европа) претстави како обезбедување на ИКТ и неговата употреба во европските училишта се подобрува, но сепак неколку пречки останаа. Најпрво, наставниците се уште веруваат дека недоволното постоење на ИКТ опрема е најголемата пречка за користење на ИКТ во многу земји. Потоа, додека наставниците користат ИКТ за подготовка на часот, употребата на ИКТ во наставниот процес е реткост. Обуката на наставниците во областа на ИКТ ретко е задолжителна и повеќето наставници го посветуваат слободното време за приватни студии. Исто така, учениците и наставниците имаат најголема употреба на активности за ИКТ и учење базирано на ИКТ, кога училиштата комбинираат политики за интеграција на ИКТ во наставата и учењето. Сепак, поголемиот број училишта немаат таква сеопфатна политика. Поради тоа не е чудно што наставниците генерално веруваат дека постои потреба за радикални промени за да ИКТ бидат целосно искористени во наставата и учењето. И покрај тоа што имаат пристап и позитивни ставови кон имплементација на ИКТ во наставата и учењето, наставниците често имаат потешкотии да се справуваат и бараат постојана поддршка – не само техничка, исто така и педагошка. Затоа, преку обезбедување на ИКТ координатори во училиштата кои ќе имаат педагошка улога, но и улога на техничка поддршка, и зголемувањето на обуките од страна на вработените во училиштата кои ќе се нудат за наставниците од сите постоечки дисциплини, самите тие ќе бидат поттикнати да се вклучат во овие специфични обуки за подобрување на процесот на учење.

Имено постои потреба за понатамошно промовирање на обуки за онлајн платформи и останати можности кои можат да им се дозволат на европската образовна заедница.

Анкетата на училиштата: ИКТ во образованието, како и употребата и ставовите за технологиите во училиштата во Европа, препорачуваат неколку политички мерки:

  • Зајакнување на јавното дејствување на институционално, локално, регионално, национално и европско ниво со цел да ја зголеми употребата на ИКТ во училиштата и да се намали јазот помеѓу употреба на ИКТ надвор и во самите училишта.
  • Зголемување на можностите за професионален развој на наставниците претставува ефикасен начин за зголемување на употребата на ИКТ во наставата и учењето, бидејќи тоа помага да се изградат посигурни и позитивни наставници.
  • Понуда на постојана поддршка – ИКТ координатори – кои ќе имаат не само техничка, туку и и педагошка улога за воспоставување и имплементација на ИКТ во наставата и учењето.
  • Искористување и употреба на мобилните телефони.
  • Користење на базата од научени лекции од ова истражување за идните истражувања.
  • Постоење на простор за дебата на добри практики во областа на ИКТ во наставата и управувањето на образовните активности.

Општи цели

Во текот на планираните проектни активности постои цел да се подобрат клучните компетенции и вештини за употреба на ИКТ и зголемување на ефикасноста на учењето кај младите луѓе кои одат на училиште, преку промовирање на квалитет и иновација на ниво на образованието, особено преку зајакнатата транснационалната соработка помеѓу давателите на образование и обуки и другите засегнати страни во областа на интеграцијата на ИКТ во училиштата (наставата и менаџментот).

Покрај тоа, проектот има за намера да ја зголеми појавата и да ја подигне свеста на европскиот простор за доживотно учење, наменет за дополнување на реформите на политиките на национално ниво и за поддршка на модернизацијата на образовниот систем, особено преку подобрено ширење на добри практики и соработка.

Овој проект има за цел и да го поддржи развојот на иновативните практики, да го подобри квалитетот на работа на учениците и образовниот кадар, да гради капацитети во училиштата и да ја поттикне стратешката соработка меѓу училишните организации.

Специфични цели

Проектот има за цел и да развие програма на иницијативи за интеграција на ИКТ во образованието за да промовира иновација, размена на искуства, добри практики помеѓу различни типови на организации кои се вклучени во образововниот процес. Исто така проектот цели кон развивање на основни и трансверзални вештини во областа на образованието, со користење на иновативни педагошки пристапи каде ученикот е во центарот на вниманието. Потоа се цели кон подобрување на дигиталната интеграција во процесот на учење, настава, и тоа на различни нивоа: преку поддршка на настава базирана на ИКТ, како и преку практики на оценување базирани на ИКТ. Особено, проектот нуди и поддршка на наставниците и образовниот кадар во стекнувањето и унапредувањето на користењето на ИКТ во процесот на учење и поврзувањето со дигиталните компетенции.

Резултати на проектот

За да се постигнат овие цели, проектот реализира 4 пакети на работни активности:

РП1: Проектно управување (ПУ)

Менаџирање на структурата на ПУ

Во оваа задача ПМ структурата ќе биде поставена и менаџирана, преку узвршување на следните активности:

  • Воспоставување на одборот за управување со проекти (ОУП);
  • Подготовка на ОУП состаноци, управување и циркулацијата на договорени активности и записници;
  • Номинираниот проектен менаџер ќе се стреми кон неформални односи со членовите на ОУП.

Оперативно управување со проектот

Во оваа задача следењето и контролата на напредокот на проектот се врши од страна на менаџерот на проектот. Ова вклучува:

  • Подготовка на прирачник за управување со проектот за илустрирање на постапките за управување и известување кој треба да се проследи до сите партнери;
  • Врз основа на овој прирачник, ќе се следи напредокот на проектот во склоп на работниот план и ќе се преземаат корективни активности кога ќе биде потребно.

Менаџерот на проектот треба да обезбеди соодветно управување со проектот преку известување; да ги активира проектните задачи според предвидениот план, се со цел сите партнери да се навремено информирани за планот за работа; да биде интерфејс меѓу Националната агенција и конзорциумот; да осигура дека испораките на проектот се доставуваат во право време и со соодветно ниво на квалитет; и последно, но не и најмалку важно, да примени постапки за решавање на конфликти како што е утврдено со прирачникот на проектот, кога и да е потребно.

РП2 Проучување на најдобрите практики и студии на случај

Во текот на првите 6 месеци од проектот, компаративнo истражувањето ќе се врши во секоја земја учесничка во проектот, со фокус на стратегијата за интеграција на ИКТ во училиштата. Проектот ќе започне од постојните најдобри/лоши практики на секој партнер на конзорциумот. Партнерите ќе ги анализираат најдобрите и лошите студии на случај, се со цел да ги испитаат причините за успех/неуспех и да ги изнајдат потенцијалните добри апликации на механизми кои стојат во нивната основата. Исто така ќе биде спроведена и анализа на случаи во секоја од земјите-партнери на проектот.

Ќе се соберат квантитативни и квалитативни податоци. Ќе се направи споредба на информациите со европските програми, механизми и алатки. Ќе се приложат најдобрите практики и препоракиза усогласување со европската регулатива.

Имено, ќе бидат истражувани 5 главни аспекти (категории):

  1. Лидерство и визија: Дигитални училишта и ИКТ стратегија, позитивен став кон ИКТ;
  2. Интеграција на ИКТ во наставната програма: Училишна интеграција на ИКТ во наставната програма. Јасно разбирање на образовниот кадар за тоа како ИКТ може да се користи за подобрување на наставата и учењето;
  3. Училишна ИКТ култура: Подигнување на свеста во училиштата за тоа дека ИКТ влијае на квалитетот на учењето и наставата, на ученичките ставови и однесување, и на училишната заедница;
  4. Континуиран професионален развој: Посветеност на училиштата кон тековниот професионален развој во областа на ИКТ;
  5. Ресурси и инфраструктура: Соодветни информатички ресурси во училиштата, вклучувајќи хардвер, софтвер и инфраструктура за поддршка на одредени средини за учење, и одразувајќи се на планот за развој на ИКТ, како што е наведено во правилниците на училиштата.

РП3 Обука за методологија за ИКТ во образованието

Ќе биде организирана обука за методологијата во процесот на интеграција на ИКТ во образованието во петте најдобри практики избрани во активностите на РП2. За време на работилницата (Ел-Ромпидо, Октомври 2016) учесниците ќе ги зајакат своите знаења на најдобрите практики во процесот на интеграција на ИКТ во училиштата, тие исто така, ќе бидат обучени за студиите на случај за обезбедување на некои сценарија за тоа како различни типови на училишта инегрираат ИКТ во наставниот процес и учењето, преку практични идеи за како за тоа како тие би можеле да се стремат кон развој на ИКТ во своите училишта.

Учесниците на работилницата ќе бидат наставници и училишен кадар одбран од страна на организациите-партнери на проектот.

РП4 Натпревар за дигитално училиште

Ќе се работи на уницијатива за онлајн натпревар за училиштата (објавен преку офоцијалната веб-страница и фејсбук страна на ДИСКО проектот) преку кој училиштата ќе имаат можност да ги презентираат своите активности превземени за интеграција на ИКТ во образованието. Организациите-партнери ќе ги избере училиштата со најдобри проекти на имплементација на добрите практики по еден победник за сите 5 клучни аспекти од страна на програмата и еден сеопфатен победник во сите 5 клучни категории. Тоа ќе биде европски натпревар фокусиран на проекти реализирани од страна на училиштата и образовните центри. Натпреварот ќе се рекламира преку: организираните локални настани, социјалните медиуми, официјалната страница на проектот како и на организациите-партнери на проектот, Националните агенции, Европските алатки (како на пр. еТвининг) и сл.

Се планира да се создаде постојана европска дигитална мрежа на училишта и натпревар на годишно ниво. Победниците на овој натпревар ќе учествуваат со неколку ученици на завршниот настан на ДИСКО проектот во Шпанија, каде ќе ги презентираат своите победнички проекти.

РП5 Настани за дисеминација

Со цел да се искористат најдобрите практики и научените лекции, како и да се прошират и се реплицираат материјалите и знаењата за заедницата на партнерските организации, ќе се обезбеди слободен пристап до OER платформата и официјалната веб страна на проектот достапна преку Интернет, ќе се организираат семинари и локални настани,  ќе се објавуваат новини и сл. Локалните настани ќе бидат од суштинско значење за објавувањето на натпреварот и за активностите на обуката каде уќесниците ќе имаат можност да ги споделат своите здобиени знаења и искуства.