Овој извештај дава компаративна анализа на истражувањата во поединечните земји направени за Македонија, Шпанија, Португалија и Турција. Истражувањето е дел од проектот „Натпревар за дигитални училишта“, во рамките на КА2 (соработка за иновации и размена на добри практики) од Програмата Еразмус+, накратко наречен ДИСКО. Проектот е координиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа во (Македонија), со Inercia Digital (Шпанија), Pakize Kokulu Anadolu Lisesi (Турција), ССОУ Моша Пијаде (Македонија) и Zendensino (Португалија).
Предвидена е долгорочна соработка со цел да се постигнат главните цели на целиот проект – подобрување на клучните компетенции и вештини од областа на ИКТ и вештини за учење на млади лица кои одат во училиште, преку промовирање на квалитетот и иновативноста на ниво на образованието; подигнување на свеста за Европско доживотно учење наменето за дополнување на реформите на политиките на национално ниво; како и преку поддршка на модернизација на образовните системи со дигитална интеграција во учењето.
Вовед
Ова е прашалник наменет за персоналот и наставниците во Европа за сите одделенија од основното и средното образование. Се однесува на воведувањето и потребите за создавање на ИКТ во рамките на образовните установи.
Истражувањето опфаќа 86 претставници, кои главно беа директори на училиштата. Истражувањето се спроведе во четири земји: Шпанија, Македонија, Португалија и Турција. Интервјуата беа спроведени во периодот јануари-март 2016 година.
Збирната статистика на севкупниот примерок и понатамошното подгрупирање по земја се прикажани во Табела 1.
Варијабли | Испит. | Просек | Станд.отст. Отстап. | Мин | Макс |
Број на ученици | 86 | 655,66 | 437,96 | 17 | 1600 |
Број на наставници | 86 | 48,88 | 28,80 | 2 | 152 |
Број на раководен кадар | 86 | 9,55 | 16,67 | 0 | 97 |
Број на друг персонал | 86 | 11,04 | 20,07 | 0 | 150 |
Сумираната статистика за Шпанија е прикажана подолу.
Варијабли | Испит. | Просек | Станд.отст. Отстап. | Мин | Макс |
Број на ученици | 13 | 365,76 | 374,14 | 17 | 1400 |
Број на наставници | 13 | 35,76 | 33,50 | 2 | 110 |
Број на раководен кадар | 13 | 4,84 | 10,67 | 0 | 40 |
Број на друг персонал | 13 | 5,07 | 5,43 | 1 | 20 |
Понатаму е прикажана статистиката за Македонија.
Варијабли | Испит. | Просек | Станд.отст. Отстап. | Мин | Макс |
Број на ученици | 30 | 802,40 | 419,56 | 69 | 1600 |
Број на наставници | 30 | 61,90 | 30,10 | 16 | 152 |
Број на раководен кадар | 30 | 5,20 | 4,32 | 1 | 25 |
Број на друг персонал | 30 | 21,23 | 31,26 | 0 | 150 |
Следно е прикажана статистиката за Португалија.
Варијабли | Испит. | Просек | Станд.отст. Отстап. | Мин | Макс |
Број на ученици | 17 | 288,41 | 77,63 | 86 | 400 |
Број на наставници | 17 | 30,76 | 9,15 | 15 | 45 |
Број на раководен кадар | 17 | 7,82 | 2,69 | 3 | 13 |
Број на друг персонал | 17 | 8,88 | 3,78 | 3 | 17 |
И на крајот, резимираната статистика за Турција е прикажана подолу.
Варијабли | Испит. | Просек | Станд.отст. Отстап. | Мин | Макс |
Број на ученици | 26 | 871,42 | 408,96 | 88 | 1590 |
Број на наставници | 26 | 52,26 | 25,49 | 8 | 110 |
Број на раководен кадар | 26 | 18,07 | 27,43 | 1 | 97 |
Број на друг персонал | 26 | 3,69 | 3,31 | 1 | 10 |
Дискусија: Како што може да се види од описната статистика погоре, најголемиот број на ученици и наставници е забележан во училиштата во Македонија. Додека највисокиот просечен број на раководен кадар е забележан во Турција.
Следната споредба на резултатите од истражувањето е за бројот на ученици и бројот на наставници, групирани по земја, како што е прикажано на графиконот подолу.
Дискусија: Од сликата 1, може да се воочи дека соодносот на бројот на ученици и бројот на наставници е различен во овие четири земји. Како што може да се види, во Македонија и Турција, просечниот број на наставници е многу мал во однос на бројот на ученици. Додека во Португалија и Шпанија, просечниот број на наставници е речиси истиот, а просечниот број на ученици е преполовен. Со други зборови, просечниот соодвос наставник/ученик за Македонија и Турција е 7,72% и 6,07% соодветно, додека за Шпанија и Португалија е 9,83% и 10, 7% соодветно.
Друга интересна споредба е дадена со просечниот број на наставници и просечниот број на персонал што се ангажирани во овие училишта.
Дискусија: Од слика 2, може да се воочи дека соодносот на просечниот број на персонал и бројот на наставници е повеќе или помалку ист во овие четири земји. Како што може да се види, наставничкиот персонал е административно поддржан од персонал штои брои приближно половина споредено со бројот на наставници.
Следно, вкупниот просечен број на наставници, раководен персонал и друг административен персонал е даден во графиконот подолу.
You must be logged in to post a comment.