Анкетата на училиштата: ИКТ во образованието, (Дигитална агенда за Европа) претстави како обезбедувањето на ИКТ и неговата употреба во европските училишта се подобрува, но сепак неколку пречки останаа. Најпрво, наставниците се уште веруваат дека недоволното постоење на ИКТ опрема е најголемата пречка за користење на ИКТ во многу земји. Потоа, додека наставниците користат ИКТ за подготовка на часот, употребата на ИКТ во наставниот процес е реткост. Обуката на наставниците во областа на ИКТ ретко е задолжителна и повеќето наставници го посветуваат слободното време за приватни студии. Исто така, учениците и наставниците имаат најголема употреба на активности за ИКТ и учење базирано на ИКТ, кога училиштата комбинираат политики за интеграција на ИКТ во наставата и учењето. Сепак, поголемиот број училишта немаат таква сеопфатна политика. Поради тоа не е чудно што наставниците генерално веруваат дека постои потреба за радикални промени за да ИКТ бидат целосно искористени во наставата и учењето. И покрај тоа што имаат пристап и позитивни ставови кон имплементација на ИКТ во наставата и учењето, наставниците често имаат потешкотии да се справуваат и бараат постојана поддршка – не само техничка, исто така и педагошка. Податоците исто така, откриваат како постојат значајни разлики во однос на интеграцијата на ИКТ во образованието меѓу европските земји, поради оваа причина заедницата на европското образование има потреба од простор за дебата на добри практики во областа на ИКТ во наставата и управувањето на образовните активности. Поради оваа причина, за да се усогласат училиштата и политичкиот пристап, проектот се извршува на меѓународно ниво.
Во текот на планираните проектни активности сакаме да се подобрат клучните компетенции и вештини за ИКТ и ефикасноста за учење на млад
ите луѓе кои одат на училиште, преку промовирање на подобрување на квалитетот, иновација на квалитетот на ниво на образованието, особено преку зајакната транснационалната соработка помеѓу давателите на образование и обуки и другите засегнати страни во областа на интеграцијата на ИКТ во училиштата (наставата и менаџментот).
Покрај тоа, проектот има намера да ја зголеми појавата и да ја подигне свеста на европскиот простор за доживотно учење наменет за дополнување на реформите на политиките на национално ниво и за поддршка на модернизацијата на образовниот систем, особено преку подобрено ширење на добри практики и соработка.
Подобрувањето на дигиталната интеграција во процесот на учење, наставата, се одвива на различни нивоа: преку поддршка на настава базирана на ИКТ, како и практики на оценување базирани на ИКТ. Особено, се обезбедува поддршка на наставниците и образовниот кадар во стекнување и унапредување на користењето на ИКТ во учењето и поврзаните дигитални компетенции.
Да се постигне оваа цел, програмата ќе придонесе за долгорочна соработка помеѓу училиштата и другите истражувачки организации и центри за обука, се со цел да се интегрира ИКТ во образованието преку воспоставување и размена на добри практики, за создавање на единствена посветена мрежа. Зада се спроведе ова програма, се предлагаат бројни активности за воспоставување на интеграција на ИКТ во училиштата. Избраните училишта ќе учествуваат во неколкуте активности како што се: студии на најдобри практики, обуки, настани за дисеминација и сл.
ДИСКО проектот се базира на употреба на различна опрема и алатки, обезбедени од страна на партнерите кои се вклучени во овој проект, кои ќе бидат достапни до крајните корисници на национално и на меѓународно ниво. На локално ниво училиштата ќе имаат подобро квалификуван образовен персонал во однос на ИКТ во образованието, и се очекува интелектуалните производи кои се резултат од овој проект да се користат не само од страна на крајните корисници, туку и од страна на субјектите кои учествуваат во проектот, наставниците, непрофитните организации и локалните власти кои работат на полето на едукација директно преку офоцијалниот веб-сајт на проектот или преку посета на субјектите кои се вклучени во самиот проект, имајќи ја предвид целта на проектот за да помогне при подобрување на квалитетот на ИКТ образованието и ИКТ вештините за младите луѓе.
На регионално ниво ДИСКО проектот ќе има целокупно влијание, поради партиципативниот и интегриран пристап на сите актери и чинители вклучени во промовирањето на ИКТ во образованието. Сите тие ќе придонесуваат за развој, тестирање и евалуација на резултатите од самиот проект.
На национално и европско ниво, транснационална соработка меѓу давателите на образование и обуки и другите засегнати страни во областа на интеграција на ИКТ во училиштата, ја подобрува и иницира свеста за важноста на модернизација на образовните системи, особено преку подобрено ширење на добри практики и соработка помеѓу европските училишта и општинскиот образовен кадар.
You must be logged in to post a comment.