Yusuf Kalkavan Anadolu Lisesi Mersin

Средно училиште Јусуф Калкаван во Анадолија, кое вообичаено се нарекува  Yusuf Kalkavan Anadolu Lisesi, скратено Y.K.A.L, е турско државно средно училиште во Мерсин. Тоа е едно од најконкурентните државни средни училишта во Mерсин, што испраќа повеќе ученици на некои од најпрестижните универзитети во државата од повеќето други државни или приватни училишта во градот. Училиштето ги прима своите ученици врз основа на успехот за запишување во средно училиште на државно ниво. Наставни јазици се турски, англиски и германски. YKAL започна со работа во 1992 година во областа Мезитли.

Има 950 ученици и 55 наставници во нашето училиште. Има 30 училници од кои секоја има паметна табла од проектот Фатих. Сите ученици од 9-ти,10-ти и 11-ти клас имаат таблет . Таблетите имаат интернет врска на училиштето . Учениците може да пристапат до EBA( http://www.eba.gov.tr/ ) во кое било време. Tие може да добијат многу различни видови на информации во платформата EBA. Денес речиси сите наставници се обидуваат да ја користат платформата во текот на часовите.

Што бевме ние (Преглед)

Училиштето започна со работа во 1992 година и од тогаш има многу промени во дигиталниот статус на училиштето. Светската Банка го поддржа проектот за основно образование што беше имплементиран помеѓу 1998 и 2004 година, со цел да го подобри квалитетот на основното образование така што ќе обезбеди компјутерски лаборатории и образовни материјали на училиштето. И училиштето имаше компјутерска лабораторија како резултат на овој проект. Имаше 22 компјутери во училниците за информатика и учениците имаа два часа во текот на неделата.

Во текот на тој период наставниците беа обучени за основно користење на компјутерите во образованието.

Сепак, не се достави доволно компјутерски софтвер за училиштата; конкретните курсеви кои беа држени од обучувачите по ИКТ беа ограничени на лабораториите и фокусирани на основните компјутерски вештини. Дополнително, предметните наставници не беа обучени како да ги интегрираат компјутерите во предавањето на нивниот предмет. Така училниците по информатика постепено се затвораа во сите училишта во Турција.

Интернет
Училиштето има широкопојасен интернет пристап насекаде низ училиштето, со кабелска мрежа  во зградата.

Одржување на ИТ опремата
Техничката поддршка вклучуваше и прашања поврзани со компјутерите и електрично поврзување во зградата, при што училиштето имаше некои проблеми, на пр. „електричното поврзување во зградата не беше проектирано за многу компјутери во просторија. Затоа, овие прашања беа неизбежни. Како дополнение, поради непостојаноста во електричното напојување, оперативните системи во лабораториите паѓаа и тие не можеа да брзо да добијат техничка поддршка.  Освен тоа, тие не може да ги поправат бидејќи немаа соодветен буџет. Поради тоа, компјутерите не беа повеќе функционални.

ИКТ професионален развој
Во текот на овие години наставниците беа обучувани за основно користење на компјутерите во образованието. Училиштето имаше координатор за информатика. Во зависност од тековните промени во компјутерските технологии, координаторите за информатика ретко беа поканувани на службена обука за нивниот професионален развој.

Дигитална писменост на наставниците
Сите наставници навеле дека се способни да користат персонални компјутери за да пристапат на интернет и до е-пошта, да извршат основна обработка во Word и да ги внесат резултатите на учениците на крајот од секое полугодие.

Користење на ИКТ во процесот на настава
Училиштата беа обезбедени со софтвер и видео касети, како дополнение на алатките за хардвер во училниците за ИТ. Најголем број од наставниците ги користат училниците за ИКТ еднаш или два пати неделно.

ИКТ вештини
Најголем број од наставниците имаат основни ИКТ вештини, но на многу од нив им недостасуваше сигурност или знаење да ги користат овие вештини да го подобрат учењето и наставата во нивните училници.

ИКТ свесност
Најголем број од персоналот ги признаваат придобивките од користењето на ИКТ во наставата и процесот на учење. Тие учествуваат на сите курсови за професионална обука на наставниците.

Веб-страница на училиштето
Училиштето има поставено основна веб-страница, развиена од наставникот за координација за ИКТ, која редовно се ажурира но не содржи конкретни материјали за настава и учење.

Каде сакаме да стигнеме (Приоритети)

Потоа во 2010 година Турција започна со еден од најголемите проекти за образовна технологија: Проектот Фатих. На секој ученик му беше даден таблет компјутер и беа инсталирани интерактивни табли во секоја училница. . Се откри дека давањето на таблет компјутери на наставниците и учениците со ограничена употреба на интернет внатре во училиштето и немање на интернет врска надвор од училиштето ја намалува заинтересираноста за користењето на овие таблет компјутери. но учениците може да пристапат до ЕВА на училиште и надвор од училиштето во кое било време. Тоа е веб платформа организирана од MoNe и ние сакаме да ги оспособиме наставниците да го користат потребниот софтвер за да може самите да подготват соодветна содржина како компатибилна со обезбедените технологии.

Како планираме да стигнеме таму (Цели)

Сите наставници во училиштето учествуваа во програмите за обука на наставници организирани од MoNe. Тие беа со различни знаења (технолошки способности, однос кон интеграцијата на образовната технологија, возраст и различни предмети) но речиси сите од нив ја имаа истата обука.

Што направивме (Задачи)

Зголемување на количеството на достапна ИКТ опрема, особено лаптопи и проектори за секоја училница. Ние ги охрабривме сите наставници и ученици активно да ја користат платформата EBA.  http://www.eba.gov.tr/ Eba е веб платформа организирана од MoNe. Таа е еден од резултатите на проектот Фатих. Во Eba може да се најдат многу ресурси, документарци, видеа, информации, е-книги, е-магазини… Учениците може да најдат содржини за е-курс и самите да се тестираат.

Што постигнавме (2преглед)

Одреден е уреднички тим за веб-страницата на училиштето; веб-страницата се ажурира редовно и содржи информации и совети. Учениците покажуваат поголем интерес кога е-учењето е дел од  работата во училницата. Нивото на доверба на наставниците во интеграцијата на ИКТ е зголемено. Наставниците се обучени како да ги користат технологиите кои им се обезбедени во рамките на ФАТИХ проектот како дополнение на добивањето технички и секакви други услуги на поддршка. Сепак, клучното прашање за имплементирање на процесот соодветно е дека наставниците и учениците мора да веруваат во потенцијалните придобивки од користењето таблет компјутери и интерактивни табли. Поради тоа, постои потреба за наставниците и учениците што учествуваат во проектот да покажат каков вид на придонес технологиите што се обезбедени поради проектот ќе им овозможат во текот на процесот на настава и учење преку демонстрирање на примери на студии и модели. Ќе се заклучи дека постои значително зголемување на заинтересираноста и односите на наставниците и учениците кон користењето и добивањето придобивки од технологијата уште од почетокот на пилот проектот. Еден од позитивните резултати на проектот е зголемувањето на комуникацијата и соработката особено за техничките прашања помеѓу наставниците и учениците. Со интеграцијата на интерактивната табла во образованието, не сите, но најголем број од училниците доживеаа попријатни и аудио-визуелни лекции како едни од најважните конструктивни последици на проектот. Сепак, тешко е да се каже  тоа во врска со користењето на таблет компјутерите во училницата бидејќи има некакви загрижености во врска со негативното влијание на таблет компјутерите во некои случаи.

Што е следно?

Планирање и спроведување долгорочни студии за ефектите на образовните технологии за постигнувањата на учениците. Намалување на бројот на ученици во училниците за да се добие поефективно користење на обезбедените технологии.