ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО
- За да учествувате во натпреварот мора да сте државно/општинско средно или основно училиште.
- Најдоцна до 1 Јуни 2017 да ја пополните следната форма. Бидејќи формата содржи повеќе делови најдобро е да ја одговорите следната верзија рачно, а потоа да ги пренесете податоците на онлајн верзијата.
- Рамката го определува степенот на дигитализираност на Вашето училиште во пет категории:
- Училишна ИКТ култура
- Ресурси и инфраструктура
- Интеграција на ИКТ во наставниот план
- Континуиран професионален развој
- Лидерство и визија
- После завршувањето на рокот за самоевалуација, експерти од проектот ќе ги посетат училиштата за кои имаат информации дека се најдигитализирани, а претходно направиле самоевалуација.
- 1 Јули – прогласување на победници
- Победник и сертификат за секоја категорија
- Најдигитализирано училиште е училиштето кое ќе добие најмногу поени, вкупно во сите категории.
- Еден претставник од училиштето- победник ќе присуствува на завршниот настан во Хуелва, Шпанија