Имено, наставниот процес се изведува во нова, двокатна зграда каде се изведува и теоретската и практичната настава. Во училиштето постојат повеќе од 10 училници опремени со компјутери за секој ученик и интернет, како и лаборатории за информатика, биологија, хемија, физика и ликовно, сите опремени со компјутери и основни технички материјали. Постои посебна соба со компјутер, ДВД, Телевизор, ЛЦД проектор, пијано која се употребува за различни презентации, предавања, работилници, состаноци и уметнички и културни манифестации.
Училиштето има 66 вработени – наставници, професионални соработници, администрација и персонал. Сите вработени имаат соодветно образование во сооднос ос законските регулативи за реализација на педагошкиот и образовниот процес. Исто така во Средното училиште “Добри Даскалов“ има 851 ученик, 325 машки и 526 девојчиња, распоредени во 28 различни класа.
Каде беше Средното училиште “Добри Даскалов“ ? (Преглед)
Пред 2000 година, Средното училиште “Добри Даскалов“ од Кавадарци, беше опремено со 22 компјутери, од кои 17 се наоѓаа во училница за информатика и 5 бе поставени за потребите на администрацијата. Во тој период, училиштето немаше лаптоп и ЛЦД проектори.
Учениците имаа пристап до компјутерите само на часовите за Компјутерски науки и Програмски јазици.
Со проектите ГОПА-ВЕТ II (2003), “Компјутер за секое дете“ (2008) и обуките за наставниците за примена на ИКТ во наставата, училиштето ја зголеми ИКТ опремата како и бројот на наставници оспособен да ја користи во наставата.
Денес училиштето има повеќе училници кои се целосно опремени со ИКТ опрема, со стабилна интернет конекција, ЛЦД проектори, и наставници кои континуирано употребуваат ИКТ во наставата.
Се појави потреба да се размислува за подобро искористување на опремата која е добиена, така да, Директорот заедно со координаторот за ИКТ, следејќи ги насоките на Министерството за образование и наука nа Република Македонија, во Развојниот план на училиштето вметнаа насоки за примена на ИКТ во наставата. Од евалуацијата која се спроведе се увиде следното:
Интернет | Училиштето има широкопојасна интернет конекција преку ЛАН мрежа низ целиот објект. |
Одржување на ИТ опремата | Одржувањето се одвиваше по потреба, без договор за одржување. Приватна фирма беше ангажирана за да се справува со проблемите кои настануваат на база на настанат проблем. |
Лиценциран софтвер | Целокупниот софтвер кој беше инсталиран на компјутерите е лиценциран но потребно е целосно ажурирање на истиот. |
ИКТ – континуиран професионален развој | Повеќето наставници се здобија со сертифициран професионален развој во ИКТ, иако дел од нив го направија тоа пред неколку години. Обуката беше реализирана преку комбинирана помош од организации и колеги. |
Обученост на наставниците | Сите наставници индицираа дека се оспособени да користат персонални компјутери за да пристапат на интернет и да испратат е-пошта, да изведат основни обработки на текст и да ги внесат резултатите за учениците од секој испит. |
Примена на ИКТ во наставниот процес | Некои наставници често користат ИКТ како алатка за учење. Многу од нив користеле ИКТ како наставен ресурс само во одредени случаи. Многу мал број на наставници не применувале ИКТ во наставата. |
ИКТ вештини | Мнозинството на наставници поседувале основни ИКТ вештини, но многу од нив немале самодоверба или знаење да ги применат овие вештини за да го унапредат процесот на учење во училницата. |
ИКТ свесност | Мнозинството на вработени ги препознаваат придобивките од примена на ИКТ во наставниот процес |
Училишна Веб страна | Училиштето има веб страна која е изработена од наставник кој е координатор за ИКТ. Истата се ажурирала тековно, но не содржела специфични содржини од наставата. |
До каде сака да стигне Средното училиште “Добри Даскалов“? (Приоритети)
Според произлезените приоритети се формираше тим за имплементирање на ИКТ во наставата. Директорот беше предводник на тимот заедно со професорите кои се од областа. Тимот воден од развојниот план на училиштето како и насоките на Министерството за образование и наука ги зацрта следните приоритети на училиштето:
Учениците почесто ќе применуваат активности поврзани со е-Учење. |
Училишната Веб страна ќе содржи материјали изработени од страна на наставниците и учениците и истата ќе се употребува како алатка за комуникација. |
Училиштето ќе креира и употребува сопствени дигитални содржини. |
Училиштето ќе продолжи со обезбедување на сите области на учење со пристап до ИКТ опрема, вклучувајќи и мобилни уреди, во следните 5 години. |
Наставниците треба да се здобијат со вештини за примена на технологија и да интегрираат ИКТ во нивните наставни методологии. |
Да се зголеми самодовербата на наставниците за интеграција на ИКТ во нивните наставни содржини. |
Да се овозможи надворешна техничка поддршка со што наставниците ќе се фокусираат на интеграција на ИКТ во наставата отколку да решаваат технички проблеми, а ИКТ координаторот да може да се фокусира на помош на наставниците за да интегрираат ИКТ во наставата отколку да ја одржува ИКТ опремата. |
Како Средното училиште “Добри Даскалов“ планира да дојде до таму?(Цели)
Директорот заедно со координаторот за спроведување на ИКТ во наставата поставија цели и активности кои треба да се постигнат односно спроведат. За истото се дискутираше на наставничките совети како и на многу состаноци на тимот. Беа информирани и родителите. Дел од одлуките беа донесени од истражувањата со учениците но во согласност со насоките и препораките на Министерството за образование и образовниот инспекторат.
Клучните цели се:
Што направи средното училиште “Добри Даскалов“? (Активности)
Училиштето го зголеми бројот на ИКТ опрема на располагање на наставниците, особено лап-топ компјутери и проектори за секоја училница.
Училиштето произведува електронски весник кој содржи информации и фотографии од активности кои се случуваат во сите часови.
Сите наставници ги користат редовно соодветните онлајн ресурси на часовите.
Тимот на е-учење обезбедува помош за вработените за употреба на електронски табли, дигитални камери и интернет. Овој тим континуирано соработува со други училишта за оваа проблематика и употреба на алтернативни технологии.
Училиштето ангажира надворешна техничка поддршка за ИКТ опремата.
Секој оддел спроведува јасно дефиниран проект за примена на ИКТ во наставата за една година, со можност истиот да се прошири и во наредните две години.
Училиштето обезбедува внатрешна обука и поддршка за наставниците во истражувањето за примена на нови пристапи и учење со примена на ИКТ (вештини и учења).
Училиштето го подобри пристапот на интернет во целата училишна зграда и обезбеди мрежа и интернет пристап во три училници преку безжична мрежа.
Училиштето разви веб-страна за промовирање на ИКТ културата, каде работата на ученикот е демонстрирана на родителите и локалната заедница.
Училиштето има уредувачи тим составен од ученици и наставници кој работи на официјалната веб страна на училиштето. Помладите ученици учат како да прикачуваат сопствени содржини на веб страната.
Училиштето поседува интерактивна табла, со цел да се користи од страна на наставниците, преку која тие имаат можност заедно со учениците да реализираат еден дел од нивната наставна програма со помош на информатичката и комуникациска технологија.
Еден член на тимот за е-учење во училиштето го координира производство на училишниот весник. Некои класови помагаат во изгледот и производство на објавениот материјал. Сите наставници се вклучени во придонесувањето на нови електронски содржини од своите класови.
Вработените во училиштето неформално се поддржуваат еден со друг кога постојат потешкотии со користење на ИКТ.
Училиштето е во процес на интегрирање на проектот за е-учење од Еразмус+ програмата iOERc-училница и создавање на платформа на on-line учење со цел спроведување на активностите во одредени предмети.
Училиштето има имплементирано LMS систем Moodle за е-учење, кој активно се користи од страна на учениците и наставниците уште од 2011/12 година. Пристапот е обезбеден преку www.dobridaskalov.edu.mk училишниот веб сајт, или преку www.dobridaskalov.edu.mk/moodle линкот.
Што училиштето “Добри Даскалов” постигна (2 преглед)
Секој предметен оддел ги разгледува практиките за е-учење, како дел од редовните состаноци на одделот. Тимот за уредување на училишниот веб-сајт редовно ги ажурира содржините со нови наставни содржини, информации и совети.
Редовната и планирана техничка поддршка, обезбедува ИКТ опремата да е на располагање колку што е потребно речиси во секое време. Постои зголемување на дигиталните содржини развиени од страна на наставниците и учениците. Ушениците покажуваат поголем интерес за е-учење кое е дел од практиката во училницата.
Одржувани се зголемен број на “неформални” професионални обуки за развој на вработените. Нивоата на доверба помеѓу наставниците во процесот на интеграција на ИКТ се зголемија. ИКТ стана составен дел за планирање и подготовка на лекциите од страна на наставниците со што нивната доверба значително се зголеми. Наставниците имаат забележано и подобрување на стандардот на пишување и презентација на учениците во случаеви кога ИКТ се користи за пишување приказни, поезија и во подготовката на содржините за прикажување на училиштето на веб страната. Наставниците и учениците не гледаат ИКТ како на додаток, туку како суштинска алатка за учење која за зголемува довербата за користење истата.
Имајќи ИКТ техничар достапен на редовна основа, отстранети се секакви технички пречки со што им се овозможва на наставниците да се концентрираат на ИКТ интеграцијата. Наставникот-координатор за ИКТ троши повеќе време за промоција и поддршка на е-учењето во текот на училишната година, а помал дел од времето за решавање на техничките проблеми. Техничктеи проблеми кои веќе не се доминантен проблем, наставникот-координатор за ИКТ е во можност да се концентрира на ИКТ интеграцијата во наставата и им помага на наставниците да организираат активности за е-учење.
Сè на сè, ова резултираше со постепена, но значајна промена во културата на ИКТ во училиштето. Примарна цел на интеграцијата на ИКТ во наставниот план на почетокот се чинеше дека е неостварлива и помалку застрашувачка, но, со текот на времето наставниците се уверија дека со мали практични чекори може многу да се постигне. Процесот на производство на содржината за училишниот весник нуди многу нови можности за учење во училниците, многу од нив вклучуваат дискусија, соработка, активно учење и креативност. ИКТ беше составен дел од овој процес. Родителите покажаа поголемо разбирање и вреднување на работата на училиштето, на многу различни начини, вклучувајќи ги активностите на е-учење.
Споделување на ресурси/опрема помеѓу локалните училишта беше многу успешна соработка која ќе продолжи и понатака. Сите ученици во училиштето имаат корисничка сметка во системот за е-учење Moodle, така што тие може да им пристапат на поставените презентации и материјали, да ги испратат своите домашни задачи во определениот рок, да прават тестови за кои веднаш се оценувани и исто така може да дискутираат во креираните форуми на различни теми поврзани со содржината на наставната програма.
Примената на горенаведените ИКТ алатки, ја зголемува желбата и мотивацијата во извршувањето на секојдневните задачи од страна на наставниците и учениците.
Денес во училиштето има повеќе училници кои се комплетно опремени со ИКТ опрема, со стабилна интернет врска, ЛЦД-проектори, и наставници кои постојано користат ИКТ во наставата.
Што е следно?
Нови училници во моментов се во фаза на изградба во рамките на училиштето, кои ќе бидат опремени со интерактивни табли и друга современа компјутерска опрема. По завршувањето на интеграција на проектот за е-учење од Еразмус+ програмата iOERc-училница, ќе се добие пристап до нова онлајн платформа преку која студентите ќе имаат можност да учествуваат во процесот на наставата. Исто така, наставниците планираат да истражуваат нови методологии кои се користат во наставата како и да аплицираат во нови проекти за меѓу-училишна соработка. Тимот на е-учење планира да спроведува континуирани обуки како и да направи водич за е-учење за новите или привремено вработените лица. Тимот на е-учење ќе истражи кои курсеви се достапни преку локалниот центар за образование или пак преку интернет, со што ќе направи оваа информација да биде достапна за наставниците. Постои барање од голем број на наставници во училиштето кои би сакале да дознаете повеќе за креирање и употреба на дигиталното видео.
You must be logged in to post a comment.