Датум на состанокот: Четврток-Петок, 28/29 Април
Време на состанокот: 17:00 (Четврток), 09:00 (Петок),
Траење на состанокот: 8 часа
Место: Еспосенде, Португалија.
Учесници: 7
Главната цел на М2 состанок за управување во Еспосенде беше мониторинг на проектот. Целите за проектот беа: Да се претстави конструкцијата за материјалите за обука за проектната активност С1; Да се претстави истражува-њето; да се одредат критериумите за селекција на учесни-ците на проектната активност С1.
Сите завршени и следни активности се дискутираа во детали. Беа одредени сите следни активности, кој ќе работи на нив и крајните рокови за истите. Сите партнери се согласија за распоредот и општата агенда за третиот транснационален состанок.
Беа дискутирани следните чекори во развојот на проектот и беше одлучено да се организираат неколку онлајн средби пред следниот М3 состанок и С1 кратка заедничка обука на вработените кои беа закажани за 24-30 Октомври 2016 во Ел-Ромпидо, Шпанија. Целта на овие онлајн состаноци беше да се анализира реализираната работа на сите партнери кои се вклучени во исходите кои треба да се реализираат до 24 Октомври 2016.
You must be logged in to post a comment.