Состанок во Еспосенде

Датум на состанокот: Четврток-Петок, 28/29 Април
Време на состанокот: 17:00 (Четврток), 09:00 (Петок),
Траење на состанокот: 8 часа
Место: Еспосенде, Португалија.
Учесници: 7

Главната цел на М2 состанок за управување во Еспосенде беше мониторинг на проектот. Целите за проектот беа: Да се претстави конструкцијата за материјалите за обука за проектната активност С1; Да се претстави истражува-њето; да се одредат критериумите за селекција на учесни-ците на проектната активност С1.

Сите завршени и следни активности се дискутираа во детали. Беа одредени сите следни активности, кој ќе работи на нив и крајните рокови за истите. Сите партнери се согласија за распоредот и општата агенда за третиот транснационален состанок.

Беа дискутирани следните чекори во развојот на проектот и беше одлучено да се организираат неколку онлајн средби пред следниот М3 состанок и С1 кратка заедничка обука на вработените кои беа закажани за 24-30 Октомври 2016 во Ел-Ромпидо, Шпанија. Целта на овие онлајн состаноци беше да се анализира реализираната работа на сите партнери кои се вклучени во исходите кои треба да се реализираат до 24 Октомври 2016.